Родри: Одигравме еден од нашите најдобри натпревари против Франција, но треба да го подигнеме нивото против Аргентина

Еден од најважните играчи во шпанската репрезентација, Родри, е убеден дека тој и неговите соиграчи одиграле еден од нивните најдобри натпревари досега како репрезентација, но против Аргентина во финалето вечерва ќе мора да се претстават уште подобро за „Фуријата“ да ја подигне својата втора светска титула

Прегледи:

Датум:

Еден од најважните играчи во шпанската репрезентација, Родри, е убеден дека тој и неговите соиграчи одиграле еден од нивните најдобри натпревари досега како репрезентација, но против Аргентина во финалето вечерва ќе мора да се претстават уште подобро за „Фуријата“ да ја подигне својата втора светска титула.

Иберијците се покажаа исклучително добро против „петлите“ во полуфиналето и победија со 3:0, иако тимот на Дидие Дешан се сметаше за фаворит. Вечерва, Шпанците се соочуваат со актуелниот светски шампион Аргентина во судирот за најважниот трофеј во фудбалот во 21:00 часот по напе време во Њујорк.

„Можеме уште подобро. Мислам дека против Франција одигравме еден од нашите најдобри натпревари досега што сме ги играле како репрезентација. Но, против Аргентина мислам дека мора да го подигнеме нивото бидејќи тие се актуелен шампион. И навистина сум уверен дека можеме да го направиме тоа“, рече Родри пред натпреварот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...