Голманот на Манчестер Јунајтед, Сен Ламенс, направи несмасна одбрана на центаршут во 80-тата минута од натпреварот во Лисабон, а Луис Суарез ја искористи за да израмни на 2:2 и да му ја одземе првата победа на Јунајтед под водство на Маурисио Покетино.
Senne Lammens will be the end of us 😭🙆♂️ https://t.co/ty9vIUilc9
— Jove💫 (@jove_media) November 25, 2026
Јунајтед губеше во 5-то коло од Лигата на шампионите во Лисабон од 33-тата минута кога Луис Суарез постигна гол од пенал, а потоа се врати со головите на Бруно Фернандес во 48-мата и 50-тата минута.
И кога сите навивачи на Јунајтед мислеа дека конечно ќе освојат три бода, што воедно ќе биде и првата победа на Маурисио Покетино како тренер на „Црвените ѓаволи“, во 80-тата минута голманот Сене Ламенс направи неверојатна грешка.
Под притисок на Суарез, Ламенс несмасно му ја испушти топката од рацете при центаршут, а напаѓачот на Спортинг постигна гол на атрактивен начин, оставајќи го Покетино сè уште да чека на својата прва победа на клупата на Јунајтед.


