🎬 Барса вложи над милијарда евра, а новинарите се поплавија на „Камп Ноу“

На социјалните мрежи се појави бизарно видео по убедливата победа на Барселона над Феенорд (5:1) во првото коло од Лигата на шампионите

Прегледи:

Датум:

На социјалните мрежи се појави бизарно видео по убедливата победа на Барселона над Феенорд (5:1) во првото коло од Лигата на шампионите.

Додека Каталонците демонстрираа сила против Холанѓаните, крајбрежниот град беше погоден од големо невреме. Силниот дожд создаде проблеми, па огромни количини вода се влеаја во просторот наменет за новинарите на „Камп Ноу“.

Одредени места беа буквално поплавени, а многу маси наменети за членовите на „седмата сила“ беа целосно мокри.

Шпанскиот гигант инвестираше околу 1,5 милијарди евра во проектот за реконструкција на нивниот култен објект. Реновирањето ги вклучува новата „Палау Блауграна“, околниот простор и кампусот на клубот. Работата започна во 2023 година, а Барса се врати во својот дом во ноември минатата година, иако е јасно дека не е сè подготвено.

Камп Ноу моментално работи со намален капацитет бидејќи работите сè уште се во тек, но тоа не ја намалува иронијата – еден од најскапите фудбалски проекти во светот е „шуплив“.

Се предвидува дека целосната „преобразба“ на стадионот ќе трае уште до две години. Јасно е дека засега нема покрив, но чудна е одлуката на клупските челници дефинитивно да го направат споменатиот дел пристапен. Изгледа како да не ја погледнале временската прогноза.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

НБА шампион бесплатно фотографира на УС Опен

Кошаркарот на Њујорк никс, Лендри Шамет, си најде занимација...

Трамп сака да се меша и во НБА лигата: „Можеби ќе го вратам Дончиќ во Далас“

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе се вмеша во спортските...

Откриено зошто Ѓоковиќ изгледа исцрпено: „Мачнината е видлив знак дека телото е блиску до границата“

Д-р Роби Сика, медицински директор на Здружението на професионални...

Џерард дозна дека ѕвезда на Атлетико има куче по име Енфилд – неговиот коментар е хит

Ливерпул го победи Атлетико Мадрид со 2:1 на „Енфилд“...