📷Напаѓачот на Монако суспендиран на два натпревари поради несоодветна прослава на гол

Напаѓачот на Монако, Парис Брунер, е суспендиран на два натпревари поради несоодветна прослава на голот на натпреварот против Стразбур

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Монако, Парис Брунер, е суспендиран на два натпревари поради несоодветна прослава на голот на натпреварот против Стразбур.

Кога го постигна голот за конечни 1:1, Брунер истрча кон навивачите и направи гест на „сечење на врат“ со раката.

Покрај суспензијата од два натпревари, доби и два натпревари условно.

На тој начин, дваесетгодишниот фудбалер ќе ги пропушти натпреварите со Тулуз и Лориен.

По натпреварот, тој рече дека реагирал на тој начин затоа што навивачите на Стразбур го навредиле него и неговото семејство, но сепак се извини за својот гест.

Брунер постигна четири гола на првите пет натпревари од Лига 1, а Монако е лидер на табелата со 13 бода.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ESPN го прогласи Јокиќ за најкорисен играч на НБА трета година по ред

Никола Јокиќ од Денвер е прогласен за играч број...

Макаби „завери“ клучен играч – Соркин ќе добива 1.500.000 по сезона

Макаби Тел Авив е подготвен да го задржи Роман...

Џошуа по објавувањето на борбата со Фјури: Инспирирам цела генерација

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа го...

Штабот на Фјури со детали за допинг тестовите пред борбата со Џошуа

Менаџерот Спенсер Браун вели дека контактирал со Доброволното антидопинг...