📽️Атлетико Мадрид го објави потпишувањето на Ромеро

Атлетико Мадрид го потпиша централниот дефанзивец Кристијан Ромеро, објави клубот. Аргентинскиот дефанзивец станува четвртото ново засилување на тимот, а Мадрид ќе плати околу 40 милиони евра за играчот.

Прегледи:

Датум:

Атлетико Мадрид го потпиша централниот дефанзивец Кристијан Ромеро, објави клубот. Аргентинскиот дефанзивец станува четвртото ново засилување на тимот, а Мадрид ќе плати околу 40 милиони евра за играчот.

Во Шпанија, медиумите тврдат дека договорот е уште попрофитабилен, бидејќи „јорганџиите“ се договориле со Спарс за фиксна сума од 33 милиони евра и уште 7 милиони во бонуси.

Доцна синоќа, Ромеро емотивно се збогуваше со навивачите на тимот од Лондон на социјалните мрежи. Тој беше баран од Диего Симеоне минатото лето, но дури сега двете страни успеаја да се договорат.

Самиот Аргентинец потпиша договор од пет сезони до летото 2031 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, лут од изјавата на селекторот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо,...

📽️Поранешна шампионка го тужи Џејк Пол за 10 милиони долари

Поранешната шампионка во бокс, Хедер Харди, поднесе тужба за...

Канело се враќа во борба за светската титула против непоразениот Кристијан Мбили

Саул „Канело“ Алварез се враќа во рингот со шанса...

Поранешен шеф на Манчестер Сити бара клубот да биде исфрлен од Премиер лигата

Иднината на Манчестер Сити изгледа сè понеизвесна откако независна...