Вардар за однесувањето на навивачите: Играњето во ракометната елита носи и одговорност

„Со секоја лоша постапка се урива токму таа слика која сакаме и се трудиме заедно да ја изградиме а покрај тоа клубот трпи и големи ригорозни, финансиски казни“

Прегледи:

Датум:

„Атмосферата на натпреварот против Нант беше наш вистински сојузник на теренот и најубава слика која таа вечер ја испративме од Скопје во цела ракометна Европа. Меѓутоа, играњето во ракометната елита, покрај задоволството носи и одговорност, нешто кон кое мора да се придржуваме за доброто на нашиот Вардар“, стои во денешниот апел на РК Вардар 1961 до навивачите.

„Со секоја лоша постапка се урива токму таа слика која сакаме и се трудиме заедно да ја изградиме а покрај тоа клубот трпи и големи ригорозни, финансиски казни. За жал токму на натпреварот против Нант бевме сведоци на таков немил инцидент, кога од страна на поединци на теренот беа фрлени забранети средства, поради што од седиштето на ЕХФ до клубот пристигна опомена, која доколку на наредните натпревари се повтори слична постапка ќе значи и големи казни за клубот.

Вие сте најголемата сила на Вардар, вашата поддршка е тоа што во битките, особено во Скопје ни дава посебна сила и мотив, затоа да го бодриме клубот достоинствено и со почит кон противникот и сите присутни во салата“, додаваат од клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Алкараз се справи со Медведев и е на чекор од полуфиналето на завршниот АТП турнир

Вториот носител, Карлос Алкараз, е блиску до полуфиналето на...

Артета има три трансфер цели за јануари

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се стреми да го...

Реал Мадрид постави цена на Винисиус

Шпанскиот новинар Хозеп Педрерол откри која е минималната сума...

Јамал, Флик, Жоан Гарсија, Карлос Еспи и Арда Ѓулер ги освоија наградите од Ла Лига за сезоната 2025/26

Шпанска Ла Лига ги објави добитниците на индивидуалните награди...