Басконија ја пронајде замената за Алекс Лен

Бразилскиот центар Марсио Сантос е новиот играч на Басконија, објави шпанскиот клуб.

Прегледи:

Датум:

Бразилскиот центар Марсио Сантос е новиот играч на Басконија, објави шпанскиот клуб.

Откако Украинецот Алекс Лен неочекувано се раздели со Басконија, челниците на тимот од Евролигата од Виторија беа принудени да бараат нов центар на пазарот.

Денес и официјално го пронајдоа, бидејќи Бразилецот потпиша двегодишен договор.

Новиот член на Басконија ја помина минатата сезона во редовите на Макаби Тел Авив, каде што пристигна минатото лето од германскиот Улм.

За „гордоста на Израел“, тој одигра 37 натпревари во Евролигата, со просек од 6,9 поени, 1,6 скока и 0,6 асистенции по натпревар.

Пред да дојде во Европа, Сантос играше во својот роден Бразил, а не беше избран на НБА драфтот во 2023 година.

Басконија загуби убедливо од Олимпијакос во првото коло од Евролигата, а вечерва ќе гостува кај Валенсија во второто.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...