Победите и резултатите ќе дојдат, стрпете се, порача Седлоски

Шест натпревари без постигнат гол трае негативната низа на Македонија откако синоќа бевме поразени и од Словенија со 2:0 на гостински терен во дуел од Лигата на нациите.

Прегледи:

Датум:

Шест натпревари без постигнат гол трае негативната низа на Македонија откако синоќа бевме поразени и од Словенија со 2:0 на гостински терен во дуел од Лигата на нациите.

Селекторот на репрезентацијата Гоце Седлоски, сепак бара од сите трпение и не се откажува од тоа што го „зацртал“.

„Поразот боли, разочарани сме. Не успеавме да постигнеме гол, но создадовме шанси. Имавме пад од околу десет минути во второто полувреме, што противникот го искористи“, изјави селекторот.

Седлоски вели дека процесот на подмладување започнал и нема да се откаже од тоа.

„Имаме млади играчи кои доаѓаат, како Гаштаров, Азер, Мелиќи и други. Нема да застанеме тука. Сакам да создадам добра репрезентација, но за тоа ми е потребно време. Ќе има подобри денови. Победите и резултатите ќе дојдат, само потребно е трпение“, додаде Седлоски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

„Игравме против добар тим, кој не припаѓа на самиот врв“, рече Цесар по дуелот со Македонија

Словенечката фудбалска репрезентација бараше важна победа против Македонија во...

Лапорта: Го следиме Фабрегас, но во моментов со Флик го „тресеме“ светот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, нагласи дека клубот со...

Јувентус подготвува финансиска инјекција: Предложено зголемување на капиталот до 250 милиони евра

Италијанскиот гигант Јувентус планира значителен финансиски поттик преку предложено...

Драма во Португалија поради незадоволниот Роналдо: Не тренираше, организиран е итен состанок

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието на...