Женската ракометна репрезентација репрезентација ги совладаа ракометарките од Србија со 21:29 (9:17) во првото коло од турнирот во Охрид.
Сандра Колаковиќ и нејзините избранички не беа рамноправен ривал на македонските ракометарки кои доминираа од самиот почеток и на крајот запишаа убедлива победа.
Најдобра во домашниот тим беше Сара Ристовска со осум гола. Најефикасна играчка во српскиот тим беше Александра Васиќ со осум гола.
Во првиот натпревар, Хрватска и Црна Гора ремизираа 20:20.
Денес, 25 септември, продолжуваат натпреварите на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија 2026“ во СЦ „Билјанини Извори“.
Двојките се:
15:30 часот Хрватска – Србија
17:30 часот Македонија – Црна Гора
Натпреварите ќе може да се следат во живо и на официјалниот YouTube канал на Ракометната федерација на Македонија.


