Данил Медведев ја освои титулата на турнирот во Хангжу, победувајќи го сонародникот Андреј Рубљов со 7:5, 6:4 во финалето.
Тоа беше дуел помеѓу двајца руски тенисери, а Медведев, моментално шести играч во светот, ја оправда својата улога како прв носител.
Првиот сет беше решен по брејк на 5:5, додека Медведев веднаш го доби сервисот на противникот на почетокот од вториот сет и ја задржа предноста до крајот.
Ова е трет трофеј за Медведев во сезоната, а прв по титулата во февруари во Дубаи. Тоа е и неговата 24-та титула во кариерата.


