📽️Новиот тренер на Болоња: Немам магично стапче…

Рафаеле Паладино беше официјално претставен во тренинг центарот „Николо Гали“ како нов тренер на Болоња

Прегледи:

Датум:

Рафаеле Паладино беше официјално претставен во тренинг центарот „Николо Гали“ како нов тренер на Болоња. Тој го заменува отпуштениот Доменико Тедеско, под чие водство тимот се најде на дното на табелата во Серија А.

„Сакав да му се заблагодарам на клубот бидејќи ми покажаа голема доверба во мене во текот на овие денови. Не ми понудија само тренерска позиција, туку и проект, и затоа дојдов тука“, рече Паладино.

„Немам магично стапче само за три дена, но сигурен сум дека на момците им е потребна искра што е повеќе ментална отколку физичка. Ни треба моментален импулс“, нагласи стручњакот.

На прашањето дали Рикардо Орсолини и Федерико Бернардески би можеле да играат заедно, тој беше категоричен:

„Орсолини и Бернардески се одличен пар и секогаш ќе се обидувам да ставам квалитетни играчи на теренот – колку повеќе имаме, толку подобро. Верувам дека првите дефанзивци треба да бидат напаѓачите“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Руфи му се закани на Царукјан: Секогаш се обидувам да ги завршам борбите рано

Маурисио Руфи покажува сериозна самодоверба пред неговиот судир со...

Немаше „цигли“ во ракавиците на Геиџи – комисијата реагира на Топурија

Сугестијата на Иља Топурија дека можеби нешто не било...

Муратоглу: Сабаленка се уништува самата себеси

Белорусинката Арина Сабаленка играше пет Гренд слем финалиња во...

Тажна вест од светот на НБА: Почина Мајк Свини

Поранешниот кошаркар на Њујорк Никс и Чикаго Булс, Мајк...