Лос Анџелес Лејкерс ги победија Денвер Нагетс со 127-125 во еден од најдобрите натпревари од сезоната, по неверојатна драма и продолженија. Херој беше Лука Дончиќ, кој постигна кош во последната секунда и им ја донесе победата на гостите.
Во судир на тимови кои се борат за третото место во Западната конференција, го видовме најдоброто што НБА го нуди. Лејкерси ја запишаа својата петта победа по ред, но начинот на кој го направија тоа ќе се зборува долго време.
Иако Дончиќ ја донесе победата, апсолутен херој на регуларниот дел беше Остин Ривс, кој заврши со 32 поени. При резултат 118:115 за Денвер, на 5,2 секунди до крајот, Нагетси го фаулираа Ривс при шут за два поени.
AUSTIN REAVES GRABS THE BOARD OFF HIS OWN MISSED FREE THROW AND TIES THE GAME 😲
WE ARE GOING TO OT! pic.twitter.com/aPZAJkEpxM
— NBA (@NBA) March 15, 2026
Откако го погоди првото слободно фрлање, Ривс намерно го промаши второто, совршено ја одби топката од првиот обрач, направи офанзивен скок и погоди „лебдечка топка“ на 1,9 секунди до крајот за целосно да ја доведе салата во делириум и да го однесе натпреварот во продолжение.
Таму се играше кош за кош. Тројката на Маркус Смарт им донесе водство на Лејкерси на 30 секунди до крајот, но Никола Јокиќ одговори со „леј-ап“ над Деандре Ајтон за израмнување (125:125) на 15,1 секунди до крајот.
¡LUKA DONCIC!😱😱😱
🏀El esloveno le dio la victoria 127-125 en la prórroga a Los Ángeles Lakers sobre los Denver Nuggets. #NBA pic.twitter.com/w8bq9LJcpt
— Conexión Deportiva (@CDeportivaES) March 15, 2026
Потоа Лука Дончиќ ја презеде играта. Брилијантниот Словенец погоди силен шут од полудистанца на само 0,5 секунди пред крајот за да им донесе голема прослава на Лејкерси.
Дончиќ го заврши натпреварот со импресивен „трипл-дабл“ од 30 поени, 13 асистенции и 11 скока. Леброн Џејмс додаде 17 поени со 6 скока и 5 асистенции.
Од друга страна, Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи, запишувајќи го својот 27-ми „трипл-дабл“ во сезоната со 24 поени, 16 скока и 14 асистенции. Најефикасен играч во редовите на Денвер беше Арон Гордон со 27 поени, додека Тим Хардавеј Џуниор додаде 20.
Резултати:
Бостон Селтикс – Вашингтон Визардс 111:100
Мајами Хит – Орландо Меџик 117:121
Лос Анџелес Лејкерс – Денвер Нагетс 127:125
Лос Анџелес Клиперс – Сакраменто Кингс 109:118


