ЕХФ додели две покани за Светското првенство, европските репрезентации најмногу изгубија

Меѓународната ракометна федерација додели посебни покани за Турција и Саудиска Арабија за учество на Светското првенство во Германија во 2027 година

Прегледи:

Датум:

Меѓународната ракометна федерација додели посебни покани за Турција и Саудиска Арабија за учество на Светското првенство во Германија во 2027 година.

Со ова се комплетира списокот од 32 репрезентации кои ќе се натпреваруваат на глобалното првенство.

Одлуката на ИХФ предизвика бура од реакции во европските ракометни кругови, а најгласно незадоволство доаѓа од Унгарија, чии претставници сметаат дека критериумите за доделување покани не се базирале на спортски резултати.

Благодарение на поканата, Турција ќе учествува на Светското првенство за прв пат во историјата, додека Саудиска Арабија ќе се врати на големата сцена по 11-ти пат, по нивното последно учество во 2023 година.

Претседателот на Унгарската ракометна федерација, Ференц Илиес, не го криеше своето разочарување од одлуката на ИХФ.

„Многу сме разочарани од одлуката на ИХФ. Секако, нашето место на Светското првенство мораше да го заработиме пред сè на теренот, но веруваме дека одлуката не е донесена врз основа на спортски критериуми“, изјави Илиес за унгарските медиуми.

Тој потсети дека Унгарија постигнала подобри резултати на последните три Светски првенства, две Европски првенства и Олимписките игри во Париз од повеќето репрезентации кои не заработиле директно место на Светското првенство.

„Имавме причина да веруваме дека, во случај на професионална и спортска проценка, ќе бевме меѓу фаворитите за добивање покана“, додаде претседателот на Унгарската федерација.

Тој особено го критикуваше недостатокот на транспарентност во процесот на донесување одлуки, нагласувајќи дека ИХФ нема јасно дефинирани критериуми за доделување покани и дека за конечната одлука дознал преку официјалната веб-страница на федерацијата.

Покрај Унгарија, незадоволство од одлуката изразија и ракометните федерации на Австрија, Швајцарија и Холандија, чии репрезентации се сметаа за сериозни кандидати за специјални покани врз основа на нивниот углед и претходни резултати.

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство во 2027 година ќе се одржи на 10 јуни во Минхен, а носителите се Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вембањама убеден иако Сан Антонио е пред елиминација: „Сите знаат дека ќе успееме“

Само пред два дена, Сан Антонио Спарс „прокоцка“ предност...

Без победник во Торонто: Канада и Босна и Херцеговина се задоволија со бод

Во првиот натпревар од Групата Б, еден од домаќините...

Силва нов тренер на Бенфика, потпиша договор до 2028 година

Португалскиот фудбалски тренер Марко Силва е новиот главен тренер...

Во Италија лути поради шегата на Инфантино: „Веројатно ќе се квалификуваат со 64 екипи…“

Италијанската фудбалска заедница ја сфати лошо шегата што претседателот...