Бецеки доминираше на спринтот во Валенсија

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, доминираше на спринтерската трка одржана во рамките на шампионатот МотоГП за Големата награда на Валенсија. Бецеки славеше со време од 18:01,139 минути

Прегледи:

Датум:

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, доминираше на спринтерската трка одржана во рамките на шампионатот МотоГП за Големата награда на Валенсија. Бецеки славеше со време од 18:01,139 минути.

Италијанскиот возач го освои второто место во генералниот пласман со 406 поени и има предност од еден бод пред тимскиот колега Хорхе Мартин, кој денес беше втор во спринтот.

Возачот на КТМ, Енеа Бастијанини, го комплетираше подиумот, со заостанување од 3,759 секунди.

На осумкратниот светски шампион Марк Маркез од Дукати му се запали мотоциклот непосредно пред почетокот на трката. Тој започна од второто место, но по казната заврши на 13-то место. Познатиот шпански возач ќе ја вози последната трка во својата кариера во Валенсија.

Порано денес, Бецеки ја освои пол-позицијата за трката, која се одржува утре од 14 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Донарума пред напуштање на Сити, италијанските гиганти ја следат ситуацијата

Џанлуиџи Донарума (27) пристигна во Манчестер како европски шампион,...

🎬 Нов кикс на Баерн Минхен, дебакл на Шалке

Баерн продолжува да губи бодови во Бундеслигата - Баварците...

Алонсо: Во тежок момент сме, но не смееме да се откажеме

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, призна дека неговиот тим...

📽️Брентфорд го понижи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Маурисио Покетино не успеа да го спречи падот на...