Од Косово назад во Полска: Јончевски ќе го спасува Чарни од резултатската криза

Македонскиот кошаркарски стратег Александар Јончевски има нов ангажман во странство. По заминувањето од косовски Влазними, тој се враќа во Полска, каде што ќе седне на клупата на Енерга Чарни Слупск, клуб кој се соочува со сериозна резултатска криза

Прегледи:

Датум:

Македонскиот кошаркарски стратег Александар Јончевски има нов ангажман во странство. По заминувањето од косовски Влазними, тој се враќа во Полска, каде што ќе седне на клупата на Енерга Чарни Слупск, клуб кој се соочува со сериозна резултатска криза.

Назначувањето на Јончевски е официјализирано од полскиот клуб, а македонскиот тренер доаѓа на местото на Кшиштоф Шабловски, со кого раководството одлучи да ја прекине соработката по лошиот почеток на сезоната. Чарни Слупск досега нема ниту една победа во првенството и има скор од осум порази на осум натпревари.

За Јончевски ова е второ искуство во полската кошарка. Претходно го предводеше Шљонск Вроцлав, каде што пристигна во декември 2024 година, преземајќи ја екипата во текот на сезоната. Сега повторно добива можност да се докаже во една од посилните европски национални лиги, но задачата во Слупск ќе биде поинаква – да го разбуди тимот кој сè уште не успеал да стигне до првата победа.

Во досегашната тренерска кариера Јончевски работеше во неколку македонски клубови, меѓу кои Работнички, МЗТ Скопје, Кожув и Гостивар, а меѓународно искуство стекна и во Србија, Унгарија и Косово. Беше и селектор на македонската репрезентација, откако претходно работеше како помошник во националниот тим.

Со Чарни Слупск го очекува сериозен предизвик. Дебито на македонскиот стратег е најавено за 7 декември, кога неговиот нов тим на домашен терен ќе го пречека ГТК Гливице. До тогаш ќе има време да се запознае со екипата и да се обиде да постави нова насока за клубот кој очајно ја бара првата победа во сезоната.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Симеоне инсистира на засилувања во јануари

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, стравува дека неговиот...

Антонели најбрз на денешните тренинзи во Катар

Откако беше најбрз на првата слободна тренинг сесија пред...

Јунајтед ја активираше опцијата за продолжување на договорот на Фернандеш

Манчестер Јунајтед и капитенот Бруно Фернандеш го продолжија договорот...

Нема крај за проблемите на Мусијала и Баерн – нова повреда за талентот

Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Џамал ​​Мусијала, претрпе...