Се тресе тронот на Сабаленка по шокантниот пораз во Торонто

Руската тенисерка Екатерина Александрова се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Торонто, откако ја победи Белорусинката Арина Сабаленка со 7:6 (7:3), 4:6, 6:4 во осминафиналето

Прегледи:

Датум:

Руската тенисерка Екатерина Александрова се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Торонто, откако ја победи Белорусинката Арина Сабаленка со 7:6 (7:3), 4:6, 6:4 во осминафиналето.

Натпреварот траеше два часа и 29 минути.

Руската тенисерка ќе игра во четвртфиналето против Украинката Елина Свитолина, која беше подобра од Американката Аманда Анисимова со 6:2, 6:4.

– Само се обидов да го играм секој поен како да ми е последен. Имав многу шанси, не ги искористив сите, но на крајот сè заврши добро – изјави 19-тата тенисерка во светот.

Раната елиминација на Сабаленка во осминафиналето на турнирот во Торонто сериозно ја потресе нејзината позиција на врвот на светската ранг-листа, од која можеше многу брзо да биде отстранета.

Доколку Јелена Рибакина го освои овој турнир, нејзината разлика до првото место ќе биде само четири бода. Со оглед на тоа што Сабаленка ја брани титулата на Отвореното првенство на САД, јасно е дека Казахстанката веќе би можела да ја преземе водечката позиција во Њујорк.

Пред тоа, тука е турнирот во Синсинати, каде што Рибакина брани малку повеќе бодови. Сепак, пресметката е јасна: во следниот месец, Сабаленка брани 2.215 бода, а Рибакина само 630. Доколку Јелена игра добро, поместувањето на врвот е речиси неизбежно и сè зависи од нејзините резултати.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, лут од изјавата на селекторот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо,...

📽️Поранешна шампионка го тужи Џејк Пол за 10 милиони долари

Поранешната шампионка во бокс, Хедер Харди, поднесе тужба за...

Канело се враќа во борба за светската титула против непоразениот Кристијан Мбили

Саул „Канело“ Алварез се враќа во рингот со шанса...

Поранешен шеф на Манчестер Сити бара клубот да биде исфрлен од Премиер лигата

Иднината на Манчестер Сити изгледа сè понеизвесна откако независна...