Хаџар пред враќање за ГН на Азербејџан

Откако ги пропушти последните три трки од Формула 1 поради повреда здобиена за време на летната пауза, Исак Хаџар ќе се врати на стартната линија за Големата награда на Азербејџан оваа недела, објави racingnews365.com

Прегледи:

Датум:

Откако ги пропушти последните три трки од Формула 1 поради повреда здобиена за време на летната пауза, Исак Хаџар ќе се врати на стартната линија за Големата награда на Азербејџан оваа недела, објави racingnews365.com.

Неколку дена пред Големата награда на Холандија, беше објавено дека Хаџар го повредил левиот зглоб, што го спречило да учествува на трките во Зандворт, Монца и Мадринг. На овие трки беше заменет од редовниот возач на Рејсинг Булс, Лиам Лосон, чие место во вториот тим на „биковите“ го зазеде Јуки Цунода.

По вчерашните прегледи и симулаторската сесија во Милтон Кинс, што ја спроведе Хаџар, беше оценето дека состојбата на Французинот сега е доволно добра за да ја продолжи сезоната.

Па очекувањата се дека во Баку подоцна оваа недела повторно ќе го видиме возачот со број 6 на патеката, а Лосон назад во Рејсинг Булс.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Почна трката за најкорисен играч во НБА – без изненадувања во Топ 3!

НБА го објави првиот дел од трката за најкорисен...

Лејкерси исклучија трикратен шампион во НБА и го отстранија од ротацијата

Лос Анџелес Лејкерси ја запалија НБА лигата на крилјата...

Риверс за Јанис: Форсира многу, нема голем кошаркарски коефициент на интелигенција

Док Риверс отворено зборуваше за своето искуство во работата...

Џорџ Расел добива нов мотор, ќе биде казнет во Бразил

Џорџ Расел ќе ја започне претстојната Голема награда на...