Шефот на Рејсинг Булс ќе остане на чело барем до 2031 година

Шефот на тимот на Рејсинг Булс, Алан Пермејн, ќе продолжи да го води тимот со седиште во Фаенца барем до крајот на сезоната во Формула 1 во 2031 година, откако потпиша нов договор

Прегледи:

Датум:

Шефот на тимот на Рејсинг Булс, Алан Пермејн, ќе продолжи да го води тимот со седиште во Фаенца барем до крајот на сезоната во Формула 1 во 2031 година, откако потпиша нов договор.

Британецот се приклучи на тимот на почетокот на 2024 година, првично како спортски директор. Тој беше унапреден во улогата на директор во летото 2025 година, откако Лоран Мекис го напушти тимот за да го преземе Ред Бул.

Пермејн е ветеран од падокот на Формула 1, каде што работи од 1989 година. Повеќе од 30 години, Британецот е дел од тимот со седиште во Енстон, кој низ годините е познат како Бенетон, Рено, Лотус и Алпин. Пермен беше отпуштен од францускиот тим во летото 2023 година, по што се приклучи на Рејсинг Булс.

„Исклучително сум горд што ја продолжувам мојата работа со Рејсинг Булс и би сакал да им се заблагодарам на сите во Ред Бул за довербата и поддршката што ми ја покажаа. Она што го прави нашиот тим толку посебен е заедничкиот дух што ги обединува сите – и луѓето на патеката и оние во Фаенца и Милтон Кинс. Вистинска привилегија е за мене да водам толку талентиран и посветен тим секој ден.

Битката за петтото место во шампионатот е нешто на што сите треба да бидеме горди. Сепак, ова е резултат на долгогодишен труд и нашата работа е далеку од завршена. Имаме вистински луѓе, изградивме потребна работна култура и имаме јасна визија за насоката во која сакаме да се развиваме. Возбуден сум поради можноста да продолжиме да работиме заедно и да се стремиме кон уште поголем успех“, коментираше Пермејн за својот нов договор.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Трофеите веќе не се клучни? Изјавата на сопственикот на Манчестер Јунајтед ги налути навивачите

Манчестер Јунајтед можеби не освојува трофеи како порано, но...

Хамилтон: Леклер вози поагресивно против мене, отколку против другите возачи

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, верува дека треба да...

Маркез од Катар: Би сакал да бидам некаде на друго место

Возачот на Дукати, Марк Маркез призна во пресрет на...

Олимпија Милано ќе биде без клучен играч подолг период

Олимпија Милано претрпе уште еден удар, бидејќи Девин Букер...