Маркез победи во Сан Марино и се искачи на првото место во генералниот пласман

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои Големата награда на Сан Марино. Тој, исто така, го презеде водството во генералниот пласман на шампионатот МотоГП - за прв пат оваа сезона

Прегледи:

Датум:

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои Големата награда на Сан Марино. Тој, исто така, го презеде водството во генералниот пласман на шампионатот МотоГП – за прв пат оваа сезона.

Маркез на тој начин заврши уште еден совршен викенд, откако вчера беше најбрз и во спринтот.

Актуелниот шампион ја започна трката од втората позиција, само за да го преземе водството откако ја искористи грешката на Бецеки, кој излезе од патеката во почетните фази од трката.

Потоа, во стилот на одличен возач, го одбрани првото место.

Второто место го освои Алекс Маркез на Гресини, додека подиумот го комплетираше асот на КТМ, Педро Акоста.

Марк Маркез е лидер во шампионатот. И тој и Мартин имаат 274 поени, додека третопласираниот Бецеки има 241.

Следната станица во шампионатот е Големата награда на Австрија, која се одржува од 18 до 20 септември.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...