Минарди го тужи Антонели за милиони

Човекот кој го откри Андреа Кими Антонели, Џовани Минарди, го тужи својот поранешен клиент откако нивната заедничка работа заврши во 2025 година

Прегледи:

Датум:

Човекот кој го откри Андреа Кими Антонели, Џовани Минарди, го тужи својот поранешен клиент откако нивната заедничка работа заврши во 2025 година.

Минарди помладиот е оној кој го презеде развојот на кариерата на Антонели преку сопствената менаџерска агенција и тој е човекот кој му ги отвори вратите кон Формула 1 и Мерцедес на Италијанецот.

Џанкарло Минарди му овозможи на Антонели да се приклучи на младинската програма на Ферари, но тогашниот шеф на тимот, Маурицио Аривабене, го отфрли Андреа бидејќи беше „премногу млад“. Уште една од помалку визионерските одлуки на поранешниот шеф на тимот.

Џовани, кој е син на легендата Џанкарло Минарди, го поддржува Антонели уште од неговата 8-годишна возраст, односно од времето кога вози картинг, и одигра клучна улога во влегувањето на Италијанецот во младинската програма на Мерцедес во 2019 година.

Pроблеми се појавија кога Мерцедес објави дека тие сакаат да му ја водат кариерата на Антонели и тој брзо се раздели со Минарди. Сега се очекува Тото Волф и поранешната шефица на програмата Гвен Лагру, која сега работи во Ред Бул, да бидат повикани како сведоци во случајот што Минарди го води околу неговите неплатени провизии и хонорари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дезире Дуе блиску до нов договор со ПСЖ

Пари Сен Жермен е се поблиску до продолжување на...

Познати двојките за четвртфиналето на Карабао Купот

Ждрепка за четвртфиналето на Карабао Купот одреди Ливерпул да...

Ираола: Младите играчи помогнаа во победата, безрезервно веруваме во нивните способности

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, го коментираше драматичниот триумф...

Алонсо по елиминацијата од Ливерпул: Покажавме добро лице, што е задолжително кога си на „Енфилд“

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, даде коментар по драматичното...