🎥Мејси Барбер по тешкиот нокаут: „Не се сеќавам многу од борбата…“

Мејси Барбер го даде својот прв коментар по тешкиот пораз со нокаут од Алекса Грасо на UFC Fight Night 271 во Сиетл

Прегледи:

Датум:

Мејси Барбер го даде својот прв коментар по тешкиот пораз со нокаут од Алекса Грасо на UFC Fight Night 271 во Сиетл.

Американката, за која ова беше прв ран пораз во нејзината кариера, беше успиена со спектакуларна комбинација која брзо стана еден од најзборуваните моменти во ММА.

Во емотивно видео на социјалните мрежи, Барбер увери дека е во добра состојба и ѝ го даде на противничката она што го заслужува:

„Сакав да се реванширам ​​и да победам убедливо, но тоа не беше моја вечер. Ме фатија. Алекса направи нешто неверојатно – таа е одличен борец. Не се сеќавам многу од борбата. Се што знам е дека на социјалните мрежи изгледам како да сум мртва, што не е убаво да се гледа, па се обидувам да се држам подалеку од нив. Но, сакам да им кажам на сите дека сум добро.“, сподели таа.

Барбер (27) влезе во борбата со серија од седум победи и со амбиции за титула, но нејзините планови пропаднаа.

Сепак, таа е непоколеблива дека ќе се врати.

„Ќе се опоравам, ќе работам напорно и ќе се вратам во кафезот. Благодарам на сите што ме поддржаа – оние што ме видоа како победувам, оние што ме видоа како губам и ќе ме видат како победувам повторно.“, додаде таа.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...