Лука Дончиќ (27) објави порака посветена на своите ќерки на Инстаграм. Објавата доаѓа по завршувањето на неговата долгогодишна врска со Анамарија Голтес и судскиот случај што следеше.
Словенечката кошаркарска ѕвезда сподели серија фотографии од своите ќерки Габриела и Оливија и напиша: „Г и О, без разлика каде е вашиот татко во светот, нема ден да не сте во моето срце. Каде и да одам, секогаш сте со мене. Ве сакам!“
Објавата на Дончиќ дојде по напорен период на личен план. Тој раскина со Анамарија Голтес, неговата долгогодишна партнерка со која беше верен и имаа две ќерки. Нивната врска, која започна во тинејџерските години, беше следена од медиумите со години, а самата разделба предизвика бројни реакции во јавноста.
Двојката се вери во 2023 година, но врската неодамна заврши. Во последните месеци, медиумите опширно известуваа за нивната врска, а промените беа видливи и на социјалните мрежи, од каде што беа отстранети нивните заеднички фотографии.
Кратко по раскинувањето, Голтес поднесе барање за алиментација во суд во Лос Анџелес. Случајот доби значителен публицитет, особено откако Дончиќ ја ангажираше Лаура Васер, позната американска адвокатка специјализирана за разводи на познати личности.
На крајот, поранешната свршеница на Дончиќ се откажа од целиот правен процес.


