Љубовниот живот на еден од најпознатите модели повторно е во фокусот на светските медиуми. Во последните денови, се повеќе се шпекулира дека нејзиното срце е освоено од познат спортист, а изворите тврдат дека нивната романса се развива подалеку од очите на јавноста.
Според американските таблоиди, двојката се запознала пред неколку месеци преку заеднички пријатели, по што продолжиле да одржуваат контакт и сè повеќе да поминуваат време заедно. Особено внимание привлече нивниот неодамнешен престој во Хемптонс, каде што наводно се обиделе да ги избегнат љубопитните погледи и фоторепортерите.
Во центарот на оваа приказна е руската манекенка Ирина Шајк, едно од најпрепознатливите лица во светот на модата, која со години е лице на водечките луксузни брендови. Човекот со кого медиумите ја поврзуваат е Девин Букер – НБА ѕвезда и еден од најдобрите американски кошаркари денес, чиј личен живот претходно привлече големо внимание од јавноста.
Извори блиски до двојката тврдат дека постои посебна хемија меѓу Ирина и Букер, но засега тие сакаат да ја избегнат медиумската бучава и да го одржат својот личен простор. Со оглед на тоа што ниту моделот ниту кошаркарот сè уште не дале официјална изјава, оваа информација останува во доменот на непотврдени гласини.
Да потсетиме дека и двајцата имаат врски со познати личности зад себе. Ирина Шајк беше во врска со португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо од 2010 до 2015 година, по што помина неколку години со холивудскиот актер Бредли Купер, со кого има ќерка. Букер, пак, долго време беше во врска со американската манекенка Кендал Џенер.
Дали Ирина Шајк и Девин Букер наскоро официјално ќе ја потврдат шпекулацијата или е само уште една минлива гласина, останува да се види, но веста за нивната врска веќе предизвика огромен јавен интерес.


