📷📽️Сабаленка на насловната страница на бразилскиот „Vogue“ со една од најубавите актерки во светот!

Прегледи:

Датум:

Иако не ја одбрани титулата на Австралија Опен, Арина Сабаленка повторно е во центарот на вниманието, овој пат на насловната страница на бразилското издание на списанието „Vogue“. Тенисерката број еден во светот позираше со познатата бразилска ѕвезда, актерката Марина Руј Барбоса.

Заедничката фотографија на двете влијателни дами привлече големо внимание, а многу фанови на тенисот и модата ја сметаа за една од највпечатливите насловни страници објавени некогаш во Бразил.

Двете беа облечени во бели комбинации со специфичен дезен, промовирајќи познат алкохолен пијалок, што предизвика воодушевување кај нивните фанови. Како што се очекуваше, бразилската публика најмногу внимание ѝ посвети на својата актерка.

Марина Руј Барбоса, родена во 1995 година во Рио де Жанеиро, е позната бразилска актерка и модел. Таа ја започна својата кариера во детството, а славата ја стекна со улоги во популарни бразилски сапуници. Низ годините, таа глумеше во бројни успешни серии и филмови, потврдувајќи го својот статус како една од најголемите ѕвезди во Бразил.

Покрај глумата, Марина е многу успешна и во модната индустрија, каде што соработува со водечки глобални брендови и редовно присуствува на престижни модни настани и филмски фестивали. Таа е исклучително активна на социјалните мрежи, каде што ја следат милиони обожаватели.

Се смета за една од највлијателните, најпопуларните и најубавите личности во современата бразилска поп-култура.

Фото: Sportskeeda

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...