📸Сопругата на Леклер со интересен одговор на тврдењето дека нема да биде ништо без него

Сопругата на возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, Александра Леклер, реши да одговори на навредлив коментар што го доби на Инстаграм, а нејзината реакција привлече внимание.

Прегледи:

Датум:

Сопругата на возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, Александра Леклер, реши да одговори на навредлив коментар што го доби на Инстаграм, а нејзината реакција привлече внимание.

Еден корисник на Инстаграм ѝ напиша: „Ти не си ништо без Леклер“. Таа возврати.

„Всушност, без сопруг, јас сум нормална девојка, со моите нормални хобија, нормални интереси, нормални страсти, која се обидува да биде што е можно пољубезна. Тоа сум јас како негова сопруга и нема ништо лошо во тоа, веројатно и ти си таква личност и тоа е одлично!“, напиша таа.

Понатаму вели дека не сите сме создадени да бидеме пејачки, докторки, актерки или спортисти и дека тоа не ја намалува нечија вредност.

Фото: Х

„Сепак, тоа како се однесувате кон другите и што избирате да правите во вашето слободно време ја намалува вашата вредност! Размислете!“, сподели таа. Многумина го пофалија нејзиниот одговор.

„Ми се допаѓа фактот што си сè уште љубезна иако толку многу луѓе те мразат“, „Девојка за пример“, „Честитки“, „Прекрасно го кажа ова“, се некои од реакциите.

Шарл и Александра се венчаа во март оваа година во Монако. Двојката почна да се забавува на почетокот на 2023 година. Првпат беа видени заедно на Неделата на модата во Париз.

Два месеци подоцна, тој потврди дека се во врска во интервју за Гала Франција. Оттогаш таа редовно ги следи неговите трки.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...