📽️ По киксот на почетокот, Шпанија го „истури бесот“ врз Саудиска Арабија

Шпанската репрезентација ја победи Саудиска Арабија со убедливи 4:0 во второто коло од Групата Х на Светското првенство По неочекуваното реми во кое мрежите останаа мирни против Капе Верде на почетокот од турнирот, „црвената фурија“ го „истури бесот“ врз Саудиска Арабија во Атланта.

Прегледи:

Датум:

Шпанската репрезентација ја победи Саудиска Арабија со убедливи 4:0 во второто коло од Групата Х на Светското првенство По неочекуваното реми во кое мрежите останаа мирни против Капе Верде на почетокот од турнирот, „црвената фурија“ го „истури бесот“ врз Саудиска Арабија во Атланта.

Една од причините за подобриот настап на Шпанците сигурно беше враќањето на младиот ас Ламин Jамал ​​во почетниот состав.

Токму тој го ​​постигна голот за 1:0 во десеттата минута, со што стана осмиот најмлад стрелец во историјата на Светските првенства.

Шпанија го удвои водството во 20-тата минута, по еден корнер и лоша интервенција на азискиот тим, Олмо шутираше силно и многу непрецизно, но топката отиде кај Микел Ојразабал, кој одлично се снајде и го матираше саудискиот голман.

Тоа целосно ги деморализираше играчите на Саудиска Арабија. Потоа следеше фантастичен потег на шпанскиот тим, за третиот гол во 24-тата минута. Акцијата ја иницираше Марк Кукуреља, Дани Олмо потоа му додаде на Ојразабал, кој лесно ја погоди мрежата.

Не помина долго во втората половина од играта, а Шпанија го постигна четвртиот гол. Во 49-тата минута, Кукуреља шутираше силно, саудискиот голман одбрани, но одбиената топка ја погоди Тамбакти и за жал заврши во неговата мрежа – 4:0.

Феран Торес постигна гол во судиското продолжение, но по долга (дури и предолга) дискусија, ВАР пресуди дека голот не е легален поради недозволената позиција на шпанскиот репрезентативец.

Во ова коло треба да се одигра уште еден натпревар помеѓу Капе Верде и Уругвај (натпреварот започнува на полноќ по средноевропско време), а потоа во последното коло играат Шпанија и Уругвај, како и Саудиска Арабија против Капе Верде.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ТФТ го преживеа Куманово: Голема драма и победа на „црно-белите“

Кошаркарите на ТФТ забележаа важна победа во шестото коло...

Де Лаурентис нема намера да го отпушти Алегри

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, продолжува да има...

Роси сè уште не може да ја заборави кавгата со Маркез

Повеќе од една деценија по озлогласениот инцидент на Големата...

Џон Елкан се вмеша за да ги смири тензиите меѓу Хамилтон и Леклер

Извршниот директор на Ферари, Џон Елкан, се вмеша за...