Черки: Подготвени сме за војна. Доколку е потребно, заедно ќе се нурнеме во гом*а

Франција го победи Парагвај со 1-0 во осминафиналниуот натпревар од Светското првенство одигран во екстремна жештина што достигна над 40 степени

Прегледи:

Датум:

Франција го победи Парагвај со 1-0 во осминафиналниуот натпревар од Светското првенство одигран во екстремна жештина што достигна над 40 степени. Јужноамериканскиот блок долго време ги издржа нападите на актуелните светски вицешампиони, кои ја постигнаа победата со голот на Килијан Мбапе од пенал во 70-тата минута.

„Бевме подготвени за ваков вид игра. Парагвај не покажа многу техника или тактика бидејќи нивната главна предност е борбеноста. Денес ги потсетивме сите дека француската репрезентација може да игра повеќе од фудбал. Покажавме колку сме борбени“, рече францускиот играч од средниот ред Рајан Черки, додавајќи:

„Парагвајците сакаа војна. Ги потсетивме сите дека и ние знаеме да војуваме и да се бориме. Доколку е потребно, заедно ќе се нурнеме во гом*а. Денес видов дека Парагвај можеше да направи 30 прекршоци, а сепак да не добие ниту еден жолт картон.“

Французите ќе се соочат со Мароко во четвртфиналето, што е реприза на полуфиналето од Светското првенство во 2022 година. Натпреварот е закажан за четврток, 9 јули, во 22 часот по наше на стадионот „Жилет“ во Фоксборо.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...