Џеко по поразот од 4:1: Заслуживме повеќе од овој натпревар

Напаѓачот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, тешко го доживеа поразот од 1:4 од Швајцарија на Светското првенство. Тој смета дека овој пораз е претежок, со оглед на тоа што покажаа двата тима.

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, тешко го доживеа поразот од 1:4 од Швајцарија на Светското првенство. Тој смета дека овој пораз е претежок, со оглед на тоа што покажаа двата тима.

„Поразот е претежок, заслуживме повеќе од овој натпревар. Резултатот е секако претежок. За жал, не можевме да издржиме во последните 20 минути. Сите голови што ги примивме, ги примивме наивно. Ова е натпреварување во кое не можеш да доцниш за ниту една топка. На 0:1 добивме и црвен картон, требаше повеќе да се затвориме во себе и да размислуваме како да не примиме повеќе голови, а во нападот се обидовме да искористиме една или две ситуации.

Катар не е она што сите го очекуваат, бидејќи сите денес играат фудбал. Сигурно нема да биде лесен натпревар, сакаме да се одмориме и добро да се подготвиме. Ќе биде тежок натпревар.Ќе мора да го преболиме денешниот пораз. Лошото е што на крајот гол-разликата може да биде важна“, заклучи ветеранот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

РФМ со поддршка на 54. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2026“

Денес во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, се одржа...

Стевановиќ продолжува со МКК Куманово

Aндреја Стевановиќ останува дел од МКК Куманово. Со просек од...

Македонија ја победи Португалија, ќе игра за 9. место на ЕХФ ЕУРО 2026

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја совлада Португалија со...

Бајиндир го напушти Манчестер Јунајтед за Ла Лига

Резервниот голман на Манчестер Јунајтед, Алтај Бајиндир, го напушти...