🎥 Спенс веќе е во Милано, во очекување на потпис со Интер

Откако во средата попладне стана јасно дека Интер успеал да постигне договор за потпишување на Џед Спенс, Британецот беше забележан како пристигнува во Милано рано утрово, каде што ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи и ќе потпише договор со шампионите на Серија А за минатата сезона

Прегледи:

Датум:

Откако во средата попладне стана јасно дека Интер успеал да постигне договор за потпишување на Џед Спенс, Британецот беше забележан како пристигнува во Милано рано утрово, каде што ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи и ќе потпише договор со шампионите на Серија А за минатата сезона.

Фабрицио Романо, кој кон средината на неделата ја сподели веста за потпишувањето на играчот од страна на „нероазурите“, сега објави видео на својот канал на социјалната мрежа X од Спенс како излегува од автомобил и им мавта на првите навивачи и новинари кои дојдоа да го пречекаат во северна Италија.

Спенс пристигнува во Интер од Тотенхем, а според прелиминарните информации, тимот од Милано ќе „искешираат“ 35 милиони евра од својата клупска каса за договорот со Спарс.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...