Рангник: Очекував Јордан да биде силен, но тие играа дури и подобро отколку што очекувавме

Во натпреварот од првото коло од Групата Ј на Светското првенство во Сан Франциско, Австрија го победи дебитантот Јордан со 3:1 (1:0).

Прегледи:

Датум:

Во натпреварот од првото коло од Групата Ј на Светското првенство во Сан Франциско, Австрија го победи дебитантот Јордан со 3:1 (1:0).

Австрија поведе со голот на Роман Шмид (21), а Jордан израмни во 50-тата минута преку Али Олван. Во 77-мата минута, по корнер, Јазан Ал Араб од Јордан постигна автогол, со што го сврти натпреварот, а во дванаесеттата минута од судиското продолжение, Марко Арнаутовиќ постигна гол од пенал за резултат 3:1.

„Беше исклучително тежок натпревар. Јордан навистина ни го отежна натпреварот и ни требаше време да влеземе во играта. Почнавме да играме добро дури во средината на второто полувреме. Можете да видите дека има поинаква тензија, поинаква енергија на Светското првенство. На крајот, заслуживме да победиме. Очекував Јордан да биде силен, но тие играа дури и подобро отколку што очекувавме.“, изјави по натпреварот Ралф Рангник, тренер на австриската репрезентација.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Зверев неславно ја почна ерата на врвот на АТП листата, Мусети го елиминира од Мастерсот во Париз

Александар Зверев неславно ја започна својата ера на врвот...

Рафиња утре официјално ќе потпише нов договор со Барселона

Капитенот на Барселона, Рафиња, официјално ќе го парафира својот...

Де Јонг се жали: Се зборува повеќе за мене отколку за другите

Френки де Јонг го искористи својот 300-ти натпревар за...

Манчестер Сити би можел да се соочи со дополнителни обвиненија

Сè поголем број шефови на англиски фудбалски клубови бараат...