Тешки критики кон Анчелоти: Го користи Нејмар за да го прикрие слабиот настап на Бразил

Поранешниот бразилски репрезентативец, Луисао остро го критикуваше сегашниот тренер на тимот, Карло Анчелоти. Поточно, тој верува дека Италијанецот ја користи бучавата околу Нејмар за да го одвлече вниманието од настапот на својот тим. На Светското првенство, „селесао“ досега ремизира 1-1 против Мароко, пред да го победи Хаити со 3-0

Прегледи:

Датум:

Поранешниот бразилски репрезентативец, Луисао остро го критикуваше сегашниот тренер на тимот, Карло Анчелоти. Поточно, тој верува дека Италијанецот ја користи бучавата околу Нејмар за да го одвлече вниманието од настапот на својот тим. На Светското првенство, „селесао“ досега ремизира 1-1 против Мароко, пред да го победи Хаити со 3-0.

„Мислам дека Анчелоти грешеше уште од првиот ден откако дојде. Грешеше што го користеше Нејмар за да го прикрие сопствениот настап, кој требаше да го постигне: резултати, организација на тимот… Не, тој секогаш претпочиташе да зборува за Нејмар за никој да не зборува за тоа како изгледаат натпреварите на националниот тим. Тој не се подобри, не напредуваше, мислам дека го води тимот ужасно“, коментираше поранешниот дефанзивец на Бенфика.

Луисао дури отиде и подалеку од спортскиот план, обвинувајќи го Италијанецот дека дури и не може ефикасно да комуницира.

„Според мене, се чини дека Анчелоти е против бразилскиот народ. Тој треба да се промени, треба да го разбере општеството, Фелипао (Луис Фелипе Сколари, поранешен селектор на Бразил и Португалија – н.з.) е во Соединетите Држави, нека го праша, нека поставува прашања… но се чини дека патот е „што мислам, што сакам, точка“. Тренер не може да биде таков“, додаде 45-годишниот Луисао.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пресврт: Реал Мадрид го запре заминувањето на Ендрик

Голем пресврт во врска со иднината на Ендрик во...

Официјално: Араухо ја засили одбраната на Ливерпул

Ливерпул официјално го објави потпишувањето на дефанзивецот Роналд Араухо,...

Симеоне: Атлетико мора да биде на 110% за да победи во Шпанија

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, разговараше со „Франс...

Клиперси потпишаа договор со центар висок 2,26 метри

Лос Анџелес Клиперс објавија дека потпишаа договор со центарот...