Миовски: Ако бидеме колектив, ќе се вратат и резултатите

Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски на денешната прес-конференција изјави дека Македонија мора да покаже заедништво и преку колективната игра да дојде до посакуваниот резултат против Шкотска

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски на денешната прес-конференција изјави дека Македонија мора да покаже заедништво и преку колективната игра да дојде до посакуваниот резултат против Шкотска.

„Секој период во репрезентацијата носи свои предизвици. Сега сме во момент кога треба да покажеме заедништво. Немавме резултати какви што очекувавме, но сега треба да покажеме дека сме тим. Можеме многу да зборуваме, но сe треба да покажеме на терен“, вели Миовски.

Македонскиот напаѓач има голем респект кон Шкотска, но верува дека домашниот терен и колективниот пристап можат да бидат важен фактор.

„Шкотска е одлична репрезентација, имаат квалитетни играчи и знаеме каде настапуваат. Ние играме дома и мора да покажеме квалитет. Не можеме да се потпреме на индивидуален квалитет. Ако бидеме колектив, ќе се вратат и резултатите“, порача Миовски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вембањама: Никогаш нема да рекламирам обложувалници, одбив многу пари

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, изјави дека...

ФА за случајот „Манчестер Сити“: Одлуката има значајни импликации за интегритетот на играта

Фудбалската асоцијација (ФА) издаде соопштение за одлуката на Независната...

Леклер најбрз на вториот слободен тренинг пред трката во Малезија

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, денес го постави најбрзото...

Критиките нека одат кај мене, не може сe да дојде преку ноќ, кажа Седлоски

Фудбалската репрезентација на Македонија во сабота ја очекува натпревар...