Најтешката ноќ во поновата историја на Еурофарм Пелистер се случи на почетокот од Лигата на Европа 2026/2027.
Македонските вицешампиони претрпеа тежок пораз пред 3.000 свои навивачи од шпански Логроњо 24:31 (8:16) и со тоа значително ги намалија шансите за пласман во фазата ТОП 16 во групата со Гумерсбах и Вибжезе.
Од почетните 0:5 на теренот на салата „Борo Чурлевски“, имаше само еден тим предводен од неверојатниот голман Шоан Леда.
Брилијантниот шпански голман запре дури 22 топки и постигна самиот дури три гола а со тоа направи голема разлика. Играта 7 на 6 не беше добра опција за екипата на Линo Червар, бидејќи во неа противникот најмногу профитираше од лесни голови во празна мрежа.
Најдобриот стрелец и капитен на тимот Филип Кузмановски дури и не се запиша во листата на стрелци, завршувајќи го натпреварот со 0/5.
Ристевски и Атанасијевиќ постигнаа по 4 гола за „пелистерци“, додека во победничкиот тим, покрај голманот, се истакна Алваро Мартинез Лобато со 6 гола.


