Историски дрес на Џордан продаден за неверојатни 12,26 милиони долари

Дресот во кој „Воздушниот“ го освои својот последен прстен беше многу баран од оние со „екстра пари“

Прегледи:

Датум:

Дресот што го носеше Мајкл Џордан за време на третиот натпревар од финалето на НБА во 1998 година беше продаден за 12,26 милиони долари, што го прави најскапиот предмет поврзан со еден од најголемите кошаркари на сите времиња.

Дресот беше продаден преку аукциската куќа „Joopiter“, во сопственост на Фарел Вилијамс, и го сруши претходниот рекорд за сувенири на Џордан, кој изнесуваше 10,091 милиони долари, кои беа платени за дресот што го носеше во првиот натпревар од истото финале.

Патем, во финалето на НБА во 1998 година, Џордан ја освои својата шеста и последна шампионска титула со Чикаго Булс, победувајќи ги Јута Џез со 4-2 во победи.

Сувенирите на Џордан се уште се далеку од рекордните цени платени за спортски сувенири.

Најскап е сè уште дресот на бејзбол легендата Бејб Рут, кој го носеше за време на „Светската серија“ во 1932 година, кој беше продаден за 24,12 милиони долари во 2024 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📷 Халанд тужи авиокомпанија поради фотографија

Ерлинг Халанд ја тужи Norwegian Air Shuttle за наводно...

Чави: Не треба да се плашиме од Грција, но треба да ја почитуваме

Селекторот на холандската репрезентација, Чави Ернандез, нагласи дека неговиот...

Барселона ги пушти билетите во продажба за „Ел Класико“, навивачите шокирани од цените

Барселона почна да продава билети за „Ел Класико“ против...

Потенцијален проблем на MotoGP за 2027 година: Е-горивото ќе чини 86 евра за литар?

МотоГП се подготвува за голема техничка трансформација за сезоната...