📽️ Кеи Нишикори ја заврши кариерата со пораз на турнирот во Токио

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори ја заврши кариерата денес со пораз од Американецот Франсис Тијафо (4:6, 4:6) во првото коло од турнирот во Токио.

Прегледи:

Датум:

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори ја заврши кариерата денес со пораз од Американецот Франсис Тијафо (4:6, 4:6) во првото коло од турнирот во Токио.

Во мај, Нишикори објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната, а за учество на Отвореното првенство на Јапонија во Токио, доби посебна покана од организаторите, со цел да се збогува со навивачите на својот домашен терен.

Тој ја започна својата професионална кариера во 2007 година и стана првиот азиски тенисер кој стигна до финалето на Гренд слем турнир, кога се бореше за трофејот на Отвореното првенство на САД во 2014 година, но загуби од Марин Чилиќ од Хрватска во три сета.

Нишикори (38) освои 12 АТП титули во текот на својата кариера, а најдобриот пласман во кариерата на АТП листата го постигна во март 2015 година, кога беше четврти.

На Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, тој освои бронзен медал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Вињалес: Не разбирам што сакаат од мене во КТМ

Шпанскиот возач Маверик Вињалес се враќа во МотоГП за...

Роналдо си замина, „седумката“ веќе ја зема друг фудбалер

Заминувањето на Кристијано Роналдо од португалската репрезентација е една...

Маркез: Трката во Јапонија е многу важна, имам доверба во тимот

Марк Маркез се враќа на местото кое минатата година...

🎬 Дончиќ го претвори тренингот на Лејкерси во свое шоу

Лос Анџелес Лејкерс ги започнаа подготовките за новата НБА...