Германскиот тенисер Александар Зверев се квалификуваше во осминафиналето на турнирот во Пекинг, откако го победи 39-от играч во светот, Британецот Камерон Нори, по два сета, со 7:6, 6:4.
Во првиот сет немаше брејк и се играше тај-брејк, кој Зверев го доби со 7:1.
Во вториот сет, Зверев направи брејк во десеттиот гејм и по првата меч-топка се квалификуваше во осминафиналето.
Тој ќе игра против победникот од дуелот помеѓу локалниот играч Јунчен Шан и Аргентинецот Себастијан Баез.


