Добри вести за Флик, Рафиња не е повреден

Добри вести за Барселона и Ханси Флик – Рафиња не е повреден. Ова беше потврдено по прегледите, па Бразилецот би можел да игра против Хетафе следниот викенд

Прегледи:

Датум:

Добри вести за Барселона и Ханси Флик – Рафиња не е повреден. Ова беше потврдено по прегледите, па Бразилецот би можел да игра против Хетафе следниот викенд.

Рафиња беше заменет на полувремето од дуелот со Австралија.

„Рафиња нема повреда, тоа беше потврдено по утринските лекарски прегледи. Тој е добро и, доколку Флик сака, би можел да игра против Хетафе. Добри вести“, пишуваат шпанските медиуми.

Бразилецот постигна пенал против Австралија на крајот од првото полувреме.

За Каталонците во првите седум кола постигна 12 гола и имаше три асистенции и е убедливо најдобриот играч на тимот на почетокот на сезоната.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...