Селекторот на Србија по новиот пораз: Треба да продолжиме како и досега, ова е дел од процес!

Селекторот на Србија, Вељко Пауновиќ не беше задоволен од третиот пораз по ред во Лигата на нациите, овој пат против Германија. Тој пред камерите на Арена Спорт ТВ за да ги сподели своите први впечатоци

Прегледи:

Датум:

Селекторот на Србија, Вељко Пауновиќ не беше задоволен од третиот пораз по ред во Лигата на нациите, овој пат против Германија. Тој пред камерите на Арена Спорт ТВ за да ги сподели своите први впечатоци.

„Секако дека не можам да бидам задоволен, никој не може. Не очекува анализа, мора да продолжиме да работиме како и досега, сето ова е дел од еден процес. Не можам да кажам едно пред натпреварот, а потоа друго. Изгубивме, нема што да се каже, грешките од претходниот натпревар се повторија. Им дадовме шанса на младите момци откако видовме дека ситуацијата е тешка, што е сепак позитивно“, рече Пауновиќ.

Како заклучок, тренерот Пауновиќ додаде дека со секој изминат ден тимот се приближува до автоматизмот во акциите кон кој се стреми.

Минатата недела во Белград, „орлите“ загубија од Грција и Холандија со идентични резултати од 1:2, а сега во Минхен загубија и од Германците, кои победија со резултат од 2:0.

Така, по три кола Србија е на последното место на табелата од Група 2 во елитната дивизија на Лигата на нации. Српската репрезентација не освоила бод на три натпревари со гол-разлика од 2:6.

Од друга страна, Грција е најпријатното изненадување во Лигата на нации и моментално има седум бода, пред Холандија со пет, додека Германија е на третото место со четири.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...