Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на турнирот во Токио, откако го победи Американецот Алекс Микелсен во три сета – 7:6, 4:6, 6:1. Третиот играч во светот славеше по два часа и 33 минути.
Играчите направија по два брејка во првиот сет, па сè беше решено во тај-брејкот, каде што Алкараз доминираше. Шпанецот го доби 13-от гем со 7:1.
Микелсен добро го започна вториот сет и поведе со 2:0, но Алкараз потоа доби четири гема и поведе со 4:2.
Американецот, сепак, возврати и го израмни натпреварот на 1:1 во сетови.
Алкараз беше убедлив во третиот сет, двапати му го одзеде сервисот на Микелсен и ја реализираше првата меч-топка.
Тој во следното коло ќе игра против Италијанецот Матео Арналди.
Во осминафиналето се пласираше и Гркот Стефанос Циципас, кој го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечеверија со 4:6, 6:3, 6:4. Негов противник ќе биде Валентин Вакеро од Монако.
Французинот Уго Ембер исто така се пласираше понатаму со победата над Американецот Брендон Накашима со 6:3, 6:2.
Тој ќе игра против чешкиот тенисер Јиржи Лехечка, кој го победи Белгиецот Зизу Бергс со 6:3, 6:7, 6:3.


