Тухел: Воопшто не сум задоволен од нашата изведба – во секоја смисла

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, не го криеше своето критичко мислење и покрај драматичната победа од 2-1 над Норвешка, која го испрати неговиот тим во полуфиналето на Светското првенство во 2026 година. Германскиот стручњак изрази мешани чувства, нагласувајќи дека тимот си ја отежнал задачата на теренот

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, не го криеше своето критичко мислење и покрај драматичната победа од 2-1 над Норвешка, која го испрати неговиот тим во полуфиналето на Светското првенство во 2026 година. Германскиот стручњак изрази мешани чувства, нагласувајќи дека тимот си ја отежнал задачата на теренот.

„Резултатот е фантастичен и неверојатно е што сме меѓу последните четири екипи на турнирот. Сепак, денес си го направивме животот многу, многу тежок и воопшто не сум задоволен од нашата изведба – во секоја смисла“, ја започна својата анализа Тухел.

Тој додаде дека желбата на играчите била присутна, но играта страдала од сериозни недостатоци.

„Бевме бавни, направивме многу технички грешки, ни недостасуваше брзина и конзистентност. Денес едноставно имавме среќа“, продолжи тренерот.

Сепак, тој категорично ја отфрли можноста дека лошите настапи се должат на недостаток на карактер.

„Не, проблемот не е менталниот став. Напротив – момците покажаа чист карактер. Не станува збор за менталитетот, туку за квалитетот на нашата игра. Мора да играме подобро“, смета Германецот.

Сепак најде причини за оптимизам, пофалувајќи го вклучувањето на играчите од клупата. „Рис Џејмс беше одличен, Морган Роџерс исто така играше фантастично денес. Еберечи Езе и Џед Спенс постепено влегоа во ритамот на играта. Заслугата им припаѓа целосно на нив, иако генерално денес имавме среќа.“

Запрашан за уште еден брилијантен настап на Џуд Белингам, кој ѝ донесе победа на Англија, Тухел беше краток и категоричен: „Сè што се зборува за него е малку. Тој го прави тоа во секој натпревар. Светска класа.“

Конечно, тој го насочи вниманието кон претстојното полуфинале со Аргентина или Швајцарија.

„Ќе се подобриме, мораме. Но, сега е време да славиме и да размислиме за она што сме го постигнале. Имаме три дена до следниот натпревар и ќе ни треба сè што имаме за да продолжиме напред“, заклучи Тухел.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...