📸🎥 Муричи даде гол за Косово па изрази поддршка за ОВК и Хашим Тачи

Натпреварот помеѓу Косово и Република Ирска во Б-дивизијата на Лигата на нации се одигра во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои неодамна беа осудени за воени злосторства во Хаг

Прегледи:

Датум:

Натпреварот помеѓу Косово и Република Ирска во Б-дивизијата на Лигата на нации се одигра во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои неодамна беа осудени за воени злосторства во Хаг.

Домашниот тим победи со 1-0 во Приштина, а единствениот гол го постигна Ведат Муричи во 83-тата минута. По голот, напаѓачот покажа маица со пораката „Правда за ослободителите“, додека од другата страна пишуваше „Не во мое име“.

Фотографиите од натпреварот потврдуваат дека Муричи покажал порака за поддршка за време на прославата.

Поддршката за поранешните лидери на ОВК беше видлива и на трибините на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, додека навивачите изведуваа кореографија со буквите ОВК и пораката „Единство. Слобода. Гордост“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Седлоски: Очекуваме голема поддршка од трибините, а наше е да прикажеме добра игра

Македонската фудбалска репрезентација ги привршува подготовките за првиот меѓусебен...

Треба да го покажеме нашиот идентитет, кажа капитенот Барди пред мечот со Швајцарија

За фудбалската репрезентација на Македонија ова ќе биде и...

Елмас: Подготвени сме за Швајцарија и одиме по позитивен резултат

Еден од лидерите на фудбалската репрезентација на Македонија, Елиф...

Шесткратен француски шампион продаден за едно евро

Комерцијалниот суд во Бордо објави договор за продажба на...