Џеко: Треба да бидеме горди на сè што направивме

Соединетите американски држави ја победија Босна и Херцеговина со 2:0 во Санта Клара во осминафиналето на Светското првенство. САД на тој начин одат кај Белгија во осминафиналето, додека Босна и Херцеговина го завршува настапот на Светското првенство. Един Џеко (40), капитен и најголема ѕвезда на репрезентацијата на Босна и Херцеговина беше разочаран по мечот.

Прегледи:

Датум:

Соединетите американски држави ја победија Босна и Херцеговина со 2:0 во Санта Клара во осминафиналето на Светското првенство. САД на тој начин одат кај Белгија во осминафиналето, додека Босна и Херцеговина го завршува настапот на Светското првенство. Един Џеко (40), капитен и најголема ѕвезда на репрезентацијата на Босна и Херцеговина беше разочаран по мечот.

„Немам посебен коментар. Дадовме сѐ од себе, на крајот за жал си одиме дома, но без оглед на сè, треба да бидеме горди на сè што направивме“, рече Џеко, кој играше против Американците до 51-вата минута кога го напушти теренот поради повреда.

Головите за САД ги постигнаа Фоларин Балогун во 45-тата минута и Малик Тилман во 82-тата минута. Иако Балогун доби директен црвен картон во 63-тата минута за остар старт на зглобот на Тарик Мухаремовиќ, Босна и Херцеговина не успеа да израмни и прими втор гол.

На изјавата на новинарот дека работите тргнаа наопаку по вториот гол, Џеко одговори: „Не тргнаа наопаку, но на некој начин тоа беше крај. Не требаше да го примиме вториот гол, тогаш беше потешко. Иако доминиравме по црвениот картон, тој гол нè сопре и не успеавме.“

„Нема порака за навивачите. Им се заблагодарувам што нè следат низ секој натпревар. Мислам дека се горди на нас како што сме и ние на нив“, додаде Џеко, кој има 151 настап и 73 гола за репрезентацијата.

Кога го прашаа за неговата иднина во дресот на БиХ, со оглед на тоа што пред три месеци наполни 40 години, тој рече: „За тоа, потоа. Ќе видиме.“

Cup tree provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Сопругата на Левандовски за преселбата во САД: „Преплашена сум и потисната…“

Сопругата на Роберт Левандовски, Ана, призна дека претстојниот трансфер...

Мексиканците ја плашат Англија со импресивна статистика

Мексико - Англија ќе биде еден од највозбудливите натпревари...

Рангник пред Шпанија: Немаме што да изгубиме

Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, го коментираше претстојниот осминафинален...

Атлетико се договори со капитенот на Спортинг Лисабон

Атлетико Мадрид постигна договор со играчот од средниот ред...