Конор Мекгрегор им дал слободен ден на 400 вработени за да можат да играат GTA 6!

Поранешниот шампион на UFC, Конор Мекгрегор, одлучи да ги израдува вработените во својата компанија на прилично необичен начин

Прегледи:

Датум:

Поранешниот шампион на UFC, Конор Мекгрегор, одлучи да ги израдува вработените во својата компанија на прилично необичен начин. Ирецот објави дека им дал слободен ден на сите вработени за да можат да уживаат во долгоочекуваната видео игра GTA VI (Grand Theft Auto VI), која официјално беше објавена денес.

Мекгрегор, кој покрај својата боречка кариера е ангажиран и на бројни работни места, ја објави својата одлука во среда вечерта на социјалната мрежа X, помалку од 12 часа пред објавувањето на популарната игра.

Според него, компаниите што ги поседува вработуваат околу 400 луѓе, распространети низ различни земји и континенти. Сите добија иста порака – не мора да доаѓаат на работа денес.

– Во чест на излегувањето на GTA утре, го известувам целиот мој тим, 400 луѓе во различни земји и континенти, дека утре имате цел слободен ден! Уживајте во играта! Вашиот пријател, шефот Конор Мекгрегор Сениор“, напиша поранешниот шампион на UFC во среда вечерта, само неколку часа пред официјалното објавување на играта.

Ирецот набрзо покажа дека со нетрпение го очекува објавувањето на играта. Тој објави видео од својот гејмерски стол на социјалните мрежи, со одбројување на екранот до моментот кога GTA VI ќе стане достапна.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нико Паз објасни зошто не се вратил во Реал Мадрид, но желбата сè уште постои

Нико Паз не се вратил во Реал Мадрид затоа...

Гвардиола го фали Клоп: Многу сум среќен што се врати на тренерската работа

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше само...

📸🎥 Чуамени останува „крал“ уште шест сезони

Реал Мадрид и Аурелиен Чуамени ја продолжуваат соработката до...

📷 Алкараз не е сериозно повреден, продолжува да игра во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не е сериозно повреден, па...