Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром официјално го претстави Дејан Мијатовиќ за нов шеф на стручниот штаб, кој доаѓа на местото на Васко Атанасов. Српскиот стратег ќе ја преземе екипата во период во кој „металците“ имаат потреба од стабилизација и нова енергија во продолжението на сезоната.
Мијатовиќ во Скопје пристигнува со својот асистент Иван Дробњак, а зад себе има долгогодишно тренерско искуство во регионалната и европската кошарка. Последниот ангажман го имаше во Борац Чачак, каде што работеше од 2022 до 2024 година, а претходно беше дел и од стручните штабови на Партизан, ФМП, Хемофарм и германска Алба Берлин.
Промената на клупата доаѓа по разделбата со Атанасов на 30 октомври, стратег кој во изминатите години остави значителен белег во клубот, освојувајќи четири шампионски титули и три Куп-трофеи.
Мијатовиќ сега ќе има задача да го задржи МЗТ на шампионскиот курс, но и да го подобри впечатокот во европските и регионалните предизвици. За клуб со амбиции и стандарди какви што има МЗТ, тренерската промена не е само кадровско решение, туку обид сезоната да добие по


