Валтери Ботас не го напушта Кадилак на крајот од дебитантската сезона на американските конструктори во Формула 1, туку ќе продолжи да го вози истиот автомобил во 2027 година. Тоа е резултат на преговори меѓу две, очигледно задоволни страни.
Се зборуваше дека Колтон Херта би можел да го заземе неговото место, но засега тој остана резерва, бидејќи Финецот ја врати предноста пред Американецот и, и покрај малку послабите резултати, остана во тандем со Серхио Перез.
„Оваа објава обезбедува континуитет и стабилност додека Кадилак гради врз темелите на својата прва сезона во шампионатот. Во исто време, продолжува да ја следи својата долгорочна амбиција – да воспостави конкурентен тим на самиот врв на светскиот моторспорт“, се наведува во писменото соопштение за медиумите.
What’s next? More of us.
Valtteri Bottas will continue with the team for the 2027 F1 season 🤝 https://t.co/LZXhW99CWX
— Cadillac Formula 1 Team (@Cadillac_F1) November 18, 2026
Ботас, исто така, даде изјава, пресреќен што стави крај на својата најголема професионална дилема.
„За сите што се заинтересирани – останувам! Возбуден сум што ќе го продолжам ова патување со Кадилак во 2027 година. Знаевме дека градењето нов тим во Формула 1 од самиот почеток нема да биде лесно, но токму тоа го прави овој предизвик толку посебен. Ги поставивме темелите, учиме и напредуваме, а сè уште има многу пред нас. Сакам уште повеќе и верувам во она што го градиме заедно. Нашата приказна само што започнува“, рече Финецот од тимот без ниту еден освоен поен оваа сезона.


