Реал Мадрид и Аурелиен Чуамени ја продолжуваат соработката до 30 јуни 2032 година, објави денес „кралскиот клуб“.
Чуамени пристигна во мадридскиот клуб во 2022 година, а во текот на пет сезони одигра 205 натпревари и освои осум трофеи.
✍️🤍👏 https://t.co/69HOKBhPcL
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) November 19, 2026
Со Реал, тој ја освои Лигата на шампионите, два интерконтинентални купа и две Светски првенства за клубови, два Суперкупа на УЕФА, титулата во шпанското првенство, Купот и Суперкупот на Шпанија.
Тој одигра 50 натпревари за француската репрезентација, а во 2021 година ја освои Лигата на нации.


