Гарсија: Требаше да добиеме пенал и сè ќе беше поинаку

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, беше многу разочаран по елиминацијата на тимот од Светското првенство. „Црвените ѓаволи“ го загубија четвртфиналниот натпревар против Шпанија со 1-2.

Прегледи:

Датум:

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, беше многу разочаран по елиминацијата на тимот од Светското првенство. „Црвените ѓаволи“ го загубија четвртфиналниот натпревар против Шпанија со 1-2.

„Би рекол дека ги погледнавме Шпанците во очи. Тоа беше важно за духот на тимот. Вечерва бевме поразени затоа што многу работи беа против нас. Кога ќе го изгубите вашиот капитен и вашиот голман, кој е еден од најдобрите во светот, и кога треба да го замените Де Бруин, станува многу тешко. Судбината не беше на наша страна. За да стигнете далеку, ви треба среќа. Но, горд сум на нашите играчи и на нашите перформанси. Си заминуваме со кренати глави“, рече Руди Гарсија.

„Можевме дури и да постигнеме втор гол. Ја гледав снимката и Мајкл Оливер (судијата – н.з.) можеби не ја виде, но тоа играње со рака на Родри беше пенал за нас во 60-тата минута. Тогаш можевме да поведеме со 2-1. Нема да зборувам повеќе за таа ситуација, но тоа беше и удар на судбината. И ако имате премногу такви, станува тешко да се продолжи напред“, нагласи белгискиот тренер.

„Ќе учиме од овој пораз. Знам дека секој детаљ е важен, го знам тоа од искуство. Не можете да правите грешки, не можете да давате подароци. Во текот на целиот натпревар губевме топки што понекогаш беа премногу лесни. Сите стоиме еден зад друг, но во иднина не смееме да правиме такви грешки“, призна стручњакот.

На прашањето дали ќе го обнови договорот како селектор на репрезентацијата, кој истекува по Светското првенство во 2026 година, Гарсија одговори: „Сега не е време да зборуваме за тоа“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...