Мухаремовиќ се обрати до јавноста по црвениот картон против Швајцарија: „Чувствувам потреба…“

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина претрпе тежок пораз во второто коло од Светското првенство кога Швајцарија ги победи со 4:1

Прегледи:

Датум:

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина претрпе тежок пораз во второто коло од Светското првенство кога Швајцарија ги победи со 4:1.

Ситуацијата им ја отежна на „змејовите“ еден момент во второто полувреме кога Тарик Мухаремовиќ доби директен црвен картон за старт врз Брил Емболо.

Иако фудбалерот на Сасуоло беше меѓу најсилните поединци, овој момент скапо ги чинеше него и неговиот тим. По натпреварот, Мухаремовиќ им се извини на навивачите во објава на својот Инстаграм профил. Тој напиша:

Instagram

„Драги навивачи, чувствувам потреба да им се извинам на сите. Прво на моите соиграчи и тренерскиот штаб, а потоа и на вас, навивачите, за црвениот картон. Преземам целосна одговорност и ми е жал што им ги отежнaв работите на тимот. Поразот боли, но имаме уште еден натпревар и сè уште можеме да ги оствариме нашите соништа. Ќе дадеме сè од себе до крајот. Верувам во нас и секогаш ќе биде така. Ви благодарам за вашите пораки и поддршка. Одиме заедно напред.“

На БиХ ѝ останува Катар во последното коло од групната фаза, а натпреварот е закажан за 24 јуни во 21:00 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Васер: Ферари е на прво место, возачите мора да се почитуваат едни со други

Шефот на тимот на Ферари, Фредерик Васер, им кажа...

Монфис нов тренер на францускиот тим за Дејвис Купот

Само еден месец откако заврши со играњето, Гаел Монфилс...

Бецеки на пол-позиција за трката во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ќе стартува од пол-позицијата...

Порзингис се пензионира на 31 година: Телото не реагираше како што очекував

Латвискиот кошаркар Кристапс Порзингис го објави своето пензионирање од...