Нагелсман: Не сум човек кој бега од одговорност

Веднаш по драматичниот пораз на пенали во Бостон, младиот стручњак коментираше за својата иднина на чело на националниот тим.

Прегледи:

Датум:

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, категорично ја отфрли можноста за оставка по шокантната елиминација на Бундеслигата од Парагвај во шеснаесетфиналето на Светското првенство во 2026 година. Веднаш по драматичниот пораз на пенали во Бостон, младиот стручњак коментираше за својата иднина на чело на националниот тим.

„Достапен сум ако Германскиот фудбалски сојуз (DFB) ме сака. Ако федерацијата не го сака тоа, само треба да ми каже“, рече Нагелсман директно во етерот на германската национална телевизија ZDF.

Селекторот јасно стави до знаење дека нема намера сам да ја напушти функцијата, и покрај уште еден разочарувачки настап на тимот на светското првенство.

Тој покажа храброст и нагласи дека е подготвен да ги преземе последиците од тешкиот колапс во елиминациите, но без да дезертира во тешката ситуација.

„Не сум еден од оние луѓе кои бегаат од одговорност, тоа е сосема исклучено“, заклучи селекторот на Германија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нико Паз објасни зошто не се вратил во Реал Мадрид, но желбата сè уште постои

Нико Паз не се вратил во Реал Мадрид затоа...

Гвардиола го фали Клоп: Многу сум среќен што се врати на тренерската работа

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше само...

📸🎥 Чуамени останува „крал“ уште шест сезони

Реал Мадрид и Аурелиен Чуамени ја продолжуваат соработката до...

📷 Алкараз не е сериозно повреден, продолжува да игра во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не е сериозно повреден, па...