Отаменди се повлекува од репрезентацијата

Николас Отаменди ја заврши кариерата во репрезентацијата на Аргентина

Прегледи:

Датум:

Николас Отаменди ја заврши кариерата во репрезентацијата на Аргентина. 38-годишниот централен дефанзивец го објави своето повлекување од „Гаучосите“ на својот Инстаграм профил со кратко видео во кое се потсетува на своите најдобри моменти во дресот на „Албиселесте“ и порака во која им се заблагодарува на сите што го поддржувале досега.

„Денес морам да ги напишам најтешките зборови во целата моја кариера.

Уште од мал сонував да го носам дресот на аргентинската репрезентација; тоа беше најголемата привилегија што ми ја даде фудбалот. Го бранев со душа, со гордост и со одговорност да знам што значи за милиони Аргентинци.

Судбината одреди мојот последен натпревар да биде финале на Светско првенство. Тоа не беше резултатот што го сакавме, но си заминувам со крената глава, знаејќи дека овој тим се бореше до последната секунда.

Заминувам со мир во душата дека дадов сè. Никогаш не сум штедел ни грам труд, никогаш не престанав да верувам и никогаш не престанав да го чувствувам овој дрес како најголема чест во мојот живот.

Благодарам на аргентинските навивачи. Ви благодарам за вашата безусловна љубов, за секое знаме, за секоја песна, што бевте со нас во добрите времиња, а особено во најтешките. Нè натеравте да почувствуваме, секој пат кога се свиреше химната, дека не сме само единаесет играчи, туку милиони кои го бранат истиот сон.

Благодарам на моето семејство. Тие беа мое засолниште во секој пад и моја сила во секој предизвик. Тие ги издржаа далечините, отсуствата, солзите и разочарувањата. Никогаш не сум го поминал овој пат сам; секој чекор го направивме заедно.

И на оние кои сè уште го носат овој дрес денес, сакам да кажам нешто од дното на моето срце: никогаш не престанувајте да верувате. Ќе има удари кои изгледаат невозможно да се надминат, но овој дрес секогаш ги наградува оние кои го бранат со понизност, жртва и љубов. Држете ги главите горе, продолжете да се борите и не дозволувајте поразот да ви ја украде надежта. Убеден сум дека следното поглавје од нашата историја ќе биде ваше.

Денес се збогувам со аргентинската репрезентација, но со огромна гордост што ја претставував мојата земја. Бидејќи титулите остануваат во историјата, но љубовта кон овие бои трае цел живот.

Ти благодарам, Аргентина. Ти благодарам што ми дозволи да го остварам мојот сон да бидам светски шампион и да го носам најубавиот дрес на светот.

Збогум, екипо!“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Норис го шокираше Антонели и ја освои пол-позицијата во Мадрид

Светскиот шампион Ландо Норис ја освои својата трета пол-позиција...

Маркез го освои спринтот во Мисано по интензивна борба

Фабричкиот возач на Дукати, Марк Маркез, користеше алтернативна стратегија...

Дурaнт сака да игра и на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година

Иако ќе има скоро 40 години кога Лос Анџелес...

Ричарлисон го обвини Тотенхем за неуспешниот трансфер

Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон, коментираше за неговиот неуспешен трансфер...